Технички референт за ИТ во Секторот за Информатичка технологија

Плата 35.000 ден.

За компанијата: Друштво за неживотно осигурување повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:

ТЕХНИЧКИ РЕФЕРЕНТ ЗА ИТ во Секторот за Информатичка технологија

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Анализа на барања, собирање, опис и оптимизирање на барањата на корисниците на бизнис процесите, за имплементирање и промени на апликативните решенија;
  • Учество во креирање на технолошки процеси и процедури, со цел автоматизација на процесите и адекватни апликативни програмски решенија и нивно претставување пред надворешниот изведувач;
  • Организирање на тестирање, имплементација на промени и напредок на проектот, сето во насока на хармонизирање со регулативата;
  • Советување и поддршка на корисници на воведените програмски решенија;
  • Изработка на техничка и корисничка документација поврзана за работата на апликативните програмски решенија;
  • Следење на развојот на подрачјето на работа и постојано стручно надградување.

НУДИМЕ:

  • Интересна и динамична работа, можност за личен и стручен развој;
  • Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења;
  • Соработка на проекти во меѓународна околина;
  • Стручно усовршување, посета на курсеви за дополнување на знаењето во земјата и странство;
  • Вработување на определено времетраење од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување;
  • Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
  • Почетна плата 35.000 денари;
  • Работно место во седиштето на Друштвото, во Скопје

ПОТРЕБНИ КОМПЕТЕНЦИИ, ИСКУСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ:

  • Високо образование од информатичка или друга соодветна насока;
  • Напредно познавање на Т-SQL и администрација SQL Server;
  • Основно познавање на JavaScript, React.js во Frontend , Express.js во Backend, API.js;
  • Комуникациски способности, тимска работа;
  • Самоиницијативност, проактивност, посветеност, прецизност, одговорност;
  • Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите;
  • Добро владеење на англиски јазик на работно ниво;
  • Познавање на деловни процеси во друштва за осигурување ќе се смета за предност.

Вашата биографија и останати документи, испратете ги на на e-mail адресата: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака дека аплицирате за конкретното работно место, не подоцна од 25.11.2024 година

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Поврзани огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »